Премиерот Заев во суд, рочиште за случајот „Поткуп“

6 март, 2018 | 9:08 часот | 405 прикажувања |

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот Поткуп во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето.

Заев во случајот „Поткуп“ е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште. Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп.