Крвнички претепан Бранко Синадиновски

5 март, 2018 | 18:39 часот | 8.846 прикажувања |

Денес околу 14:30 часот, во полициската станица во населбата „Аеродром“ е пријавено дека физички е нападнат контроверзниот Бранко Синадиновски, основачот на самопрогласената Верската заедница на православните Албанци во Македонија.

Според првичните информации тој е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Причините и напаѓачите се сѐ уште непознати.

МВР соопштија дека го истажуват настанот и мотивите за истиот.

фото: Алсат М