ВИДЕО: Македонците од Австралија со резолуција во однос на името

5 март, 2018 | 16:15 часот | 1.876 прикажувања |

Македонската заедница од Викторија на вчерашниот голем протест во Мелбурн објави резолуција по повод тековните случувања во однос на разговорите за името на Македонија кои се водат под покровителство на медијаторот Метју Нимиц.

Во продолжение целосниот текст на резолуцијата:

„Ние, Македонците од Викторија, како нераскинлив дел од македонскиот народ и Македонија, со нашето присуство на овој масовен собир, сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост и огорченост за заканите коишто се појавија за унитарниот карактер на македонската држава, името, идентитетот, историјата, јазикот и културата на македонскиот народ, поради политиката водена од сегашната нелегална влада и некои од претходните влади. Заради засилените активности на нелегалната Влада во последните месеци за промена на уставното име на Македонија, таканаречениот добрососедски Договор со Бугарија и Тиранската платформа ги донесуваме следните барања:

(1) Ние, Македонците од Викторија, ги повикуваме сите Македонци во светот да се обединат заради одбрана на името на Македонија и идентитетот, јазикот и историјатана македонскиот народ;
(2) Македонците од Викторија сметаат дека Македонија е држава на македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред законите, независно од етничкото потекло, вероисповедта, партиската припадност и социјалниот и економскиотстатус;
(3) Македонците од Викторија отфрлуваат еднаш засекогаш промена на историското и правилното име на државата Република Македонија, знамето, химната и грбот;
(4) Македонците од Викторија ја повикуваат демократската јавност во светот да ја поддржи унитарноста и државноста на Република Македонија, името Република Македонија и идентитетот на нацијата и македонскиот народ;
(5) Македонците од Викторија бараат да се стави конечени итен крај на понижувачките и навредливите преговори за историското и правилното име Македонија помеѓу владите на Македонија и Грција. Било каква промена на името на Македонија во согласност со Атина би го означила почетокот на крајот на македонскиот идентитет, историја и државност. Повикуваме Македонија безусловно да го продолжи членството во Обединетите Нации и други меѓународни институции под уставното име Република Македонија и јазикот и идентитетот на нашата земја во тие институции да бидат опишани какомакедонски. Инаку, НАТО И ЕУ не се достојни за промена на државното име на Македонија.
(6) Ние категорично го отфрламе „Законот за употреба на јазиците“, а со тоа ја отфрлуваме федерализацијата на Македонија и наметнувањето на албанскиот јазик како официјален јазик на целата територијата на Македонија. Остварувањето на овие планови ќе ги осоколи тие политички сили кај албанското малцинство коишто бараат создавање на Голема Албанија и кои ги сметаат федерализацијата и официјалната двојазичност как опреодна фаза за постигање на оваа цел. Ние сметаме дека македонскиот јазик треба да остане еден и единствен официјален и кохезивен јазик за сите жители на целататериторија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Сметаме дека широките јазични и културни права и правото на вето доделени на албанското малцинство согласно Охридскиот рамковен договор ги исполнуваат повеќе одколку што е потребно меѓународните конвенциии договори коишто се однесуваат на заштита на малцински групи и култури. Етничките Албанци воМакедонија се служат со правна заштита за нивниот јазики култура и со права коишто ги надмнуваат тие доделенина скоро било кое друго етничко малцинство во Европа. Воедно бараме Зоран Заев и неговите албански коалициони партнери да престанат да ја спроведуваат штетната Тиранска платформа.
(7) Ние го осудуваме и отфрлуваме таканаречениотДоговор за соработка и добрососедство помеѓуМакедонија и Бугарија со кој Македонија формално се откажува од својата уставна обврска да ги брани правата на Македонците во Бугарија со членот 11, а со членот 8 исто така и дава можност на Бугарија да ги ревидира македонските учебници по историја, во Преамбулата не гопризнава македонскиот јазик и крајно ги ограничува политичките активности во Македонија насочени кон обелоденување на бугарската негација на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Ова е едностран договор и бараме Македонија да се повелече од него и да го поништи и да започне да соработува со Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Србија!
(8) Ја повикуваме Македонската православна црква да се повлече од договорот со Бугарската православна црква според кој Бугарската православна црква се означувакако „мајка црква” која наводно би требало да содејствува за олеснување на прифаќањето на Македонската православна црква како автокефална од другитеправославни цркви. Овој договор не може да се смета за важечки и во интерес на верниците и Македонската православна црква се додека Бугарската православна црква не признава посебен македонски јазик, идентитет и посебна македонска црковна историја.
(9) Македонците од Викторија бараат да се одржи веродостоен и кредибилен попис во Македонија под независен меѓународен надзор заради утврдување на точниот број на жители во земјата и процентуалната застапеност на разните малцинства.
(10) Ние категорично го осудуваме официјалното грчко, бугарско и албанско негирање на постоењето на македонскиот народ или македонска нација, етничка група, јазик, идентитет и култура како шовинистички и расистички чин и спротивно на мирот и стабилноста наБалканот.
(11) Ја повикуваме австралиската влада да престане да ја дискриминира македонската заедница и веднаш да ја признае Република Македонија под нејзиното историско и уставно име.
(12) Ако Владата во Македонија се покаже неспособна да ги спроведе гореспоменатите барања, ќе ги прекинеме целосно врските со неа, нејзините дипломатски претставници и емисари и борбата за постигнување на нашите цели ќе продолжи.

Да живее Македонија, да живее м акедонскиот народ!

Оваа резолуција се доставува до следните земји и институции: Владата на Република Македонија, Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Австралија, Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Франција, Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.