Стружанец од куќа украл накит, косилка на струја и мобилни телефони

5 март, 2018 | 15:44 часот | 655 прикажувања |

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 34-годишник поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, во периодот од 8 до 12 февруари годинава стружанецот Н.М. со употреба на сила влегол во куќа на улицата Ристо Крле и одзел поголема количина златен накит, косилка на струја и два мобилни телефона.

На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 185.000 денари.