ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани мора да патуваат во Скопје поради расипаниот томограф

23 ноември, 2017 | 10:26 часот | 231 прикажувања |

Граѓаните од Охрид веќе трет месец се оставени сами на себе. Компјутерскиот томограф во охридската болница не функционира, а од Министерството за здравство се молчат. Томографот во охридската болница служеше за дијагностицирање на мозочни крвавења и итни предоперациони иследувања, кој го користеа и жителите од Струга, Дебар, Демир Хисар и Ресен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наведуваат оттаму, СДС ги оставил граѓаните буквално на цедило, над 150.000 жители од Охρид и регионот приморани се да одат на преглед во Скопје или, како што нагласуваат од партијата, во приватни клиники каде што еден преглед се движи од 3.500 до 8.000 денари.

„Згора на ова скоро цел месец Зоран Заев нема назначено министер за здравство што дополнително укажува на тоа дека оваа влада не води грижа за здравјето на граѓаните. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДС и Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во време κога ВМРО-ДПМНЕ била на власт во 2012 година бил изграден посебен дел за компјутерска томографија, каде што се сместени томографот и мамографот, но сега едниот од тие апарати веќе три месеци не е во функција, дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, СДС ја заглавил и изградбата на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

„Граѓаните на Охрид се оставени на цедило, поради расипан томограф и мора да патуваат во Скопје за основна здравствена услуга, а владата нема интерес да ги решава проблемите“, нагласуваат од опзициската партија ВМРО-ДПМНЕ.