Татко го ранил со нож својот 38-годишен син

5 март, 2018 | 11:50 часот | 648 прикажувања |

При расправија и физичка пресметка, 75-годишен татко од Кочанско со нож го прободел својот 38-годишен син.

Како што информираат од МВР, вчера околу 23:20 часот во село Теранци, Кочанско, таткото Д.С.(75) со нож му нанел две убодни рани на синот Д.С. (38).

По нападот, Д.С. (38) бил пренесен во болницa во Кочани каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Таткото бил приведен во полициската станица во Кочани каде што се преземаат мерки за расчистување на случајот.