Српската напредна партија, предводена од Александар Вучиќ, е победник на локалните избори во Белград

5 март, 2018 | 9:48 часот | 578 прикажувања |

Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС) повторно победи на локалните избори во Белград.

Вучиќ со шампањ прослави со своите сопартијци на централниот собир веднаш штом завршија изборите и рече дека ова е најмоќна победа.

Според информациите на “Ипсос” СНС добила поддршката на 45,1 отсто од гласачите. Покрај неа долниот праг од 5%  го поминале уште три политички сили. Станува збор за партијата на поранешниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас (18,8%), независниот кандидат и поранешен претседател на општина Нови Белград Александар Шапич (9%) и “Социјалистичката партија на Србија” на актуелниот министер за надворешни работи на Ивица Дачиќ (6,1% ).

Според анкетите за јавното мислење, одѕивот на гласачките места надминува 51,3%. На изборите учествуваа вкупно 1 милион 611.000 граѓани со право на глас. Српскиот претседател на ГИК Зоран Лукиќ изјави во етерот на националната телевизија дека гласањето е извршено без сериозни нарушувања.