Во Кривичниот суд рочиште за „Шпион“

5 март, 2018 | 9:35 часот | 583 прикажувања |

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на докази од предметот, кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати.

Апелацискиот суд ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.

Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.

Овој предмет со новиот распоред му е доделен на судијата Владимир Туфеѓиќ.