Aлаѓозовски: Следниот споменик од „Скопје 2014“ што ќе биде отстранет е на Мајка Тереза

4 март, 2018 | 11:46 часот | 1.833 прикажувања |

Наскоро ќе го раскинеме договорот за изградба на објектот со скулптурална композиција што требаше да биде донација од индискиот бизнисмен Субрата Рој, изјави Роберт Алаѓозовски, минитерот за култура во интервјуто за Бирн.

„Таа донација воопшто не се реализираше, а целиот товар падна на буџетот и граѓаните. Таа композиција, не само што го нарушува естетскиот изглед на плоштадот Македонија и уште повеќе ги стеснува јавниот простор, пристапот и функционалноста, туку е и израз на мегаломанство што нема никаква врска со нашата нобеловка. Ги запревме градежните активности и во преговори сме со изведувачите за затворање на обврските кон нив за претходно извршените зафати, на начин кој нема да предизвика дополнителна штета по буџетот. По формализирање на овие аспекти ќе се донесе и одлука за судбината на овој објект“, рече Алаѓозовски.