Индиска тајна за густа и сјајна коса

4 март, 2018 | 11:41 часот | 564 прикажувања |

Клучната тајна за густа и сјајна коса каква што имаат индијките е во користењето на природни производи кои можат да се најдат и во вашата кујна.

Сокот од кромид го поттикнува растот на косата. Со масирање на скалпот на косата со овој сок, се поттикнува циркулацијата околу фоликулите на влакното а со тоа се стимулира и растот на косата.

Рецепт за здрава долга коса:

4 лажици сок од кромид (сокот се добива со блендирање на кромидот)

2 лажици јогурт

Двете состојки се мешаат. Маската се нанесува на косата и се остава да стои  30 минути, потоа се мие и се нанесува регенарато.

 

***Миризбата од овој рецепт исчезнува по првото шампонирање***