Памела Андерсон проговори за нејзиниот однос со Путин

4 март, 2018 | 11:14 часот | 748 прикажувања |

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ и најпознатата плејбој зајачица Памела Андерсон во емисијата „Животни приказни“, на водителот Пирс Морган му кажа за нејзината поврзаност со рускиот претседател Путин.

50 годишната глумица отворено зборуваше за нивниот контакт.

Таа наведе дека рускиот претседател сакал актерката да биде гостинка на неговата инаугурација и да му даде цвеќе.

„Не се согласив. Само сме се нашле на исто место и во исто време.“

Водителот инсистирал да го прецизира нивниот однос на што Памела одговорила

„Имам одличен однос со Русија. Да.“

Првиот контакт со Путин и бил пред девет години кога јавно го повикала да го прекине ловот на китови.