Трамп: Постои можност и во САД да се воведе функцијата доживотен претседател

4 март, 2018 | 11:08 часот | 327 прикажувања |

Американскиот претседател Доналд Трамп даде уште една нова контроверзна изјава која е невообичаена за американската демократија каде точно се прецизирани сите видови на мандати. Тој смета дека САД може еден ден да има доживотен претседател воодушевувајќи му се на кинескиот претседател Си Џипинг.

Трамп на синоќешната донаторска вечера на републиканците во Флорида истакна дека Си Џинпинг „сега е доживотен преседател“.

„Успеа тоа да го направи. Доживотен претседател. Сјаен е… Мислам дека тоа е сјајно.“ – наведе Трамп, додавајќи оти и САД „деновиве би можеле да се обидат такво нешто“.