Македонците во Австралија обединети за заштита на името

4 март, 2018 | 10:59 часот | 940 прикажувања |

Македонците во Австралија излегоа на протести низ улиците во Перт, Мелбурн, Бризбејн и Сиднеј, во знак на поддршка и промовирање на нивните национални интереси, човекови права и право на самоопределување.

Тие ги прогласија за ,,непожелни личности“,  Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска,  доколку го сменат името на Република Македонија.

Демонстрантите излегоа на улиците со црвена и жолта боја што го претставува македонското знаме, известуваат австралиските медиуми.

Демонстрантите носеа транспаренти  “Крај на  македонскиот геноцид”, “На Македонците во Албанија им се одземени основните човекови права” и “Името на Македонија не е за продажба”.

“We are Macedonia” Rally in Sydney in defense of the Macedonian name, language and identitу“Ние сме Македонија” – Протест во Сиднеј за зачувување на името, јазикот и идентитетот

Posted by SBS Macedonian on Saturday, March 3, 2018