Македонците од Шведска на протест – „Ние сме Македонија“

3 март, 2018 | 21:41 часот | 2.547 прикажувања |

Неколку стотици Македонци од Шведска, изглегоаа на протест против промена на името на Република Македонија. Македонците од дијаспората излегоа во градот Малме да ја подржат иницијативата „Ние сме Македонија“.

Инаку, непартиското глобално движење „Ние сме Македонија” најави светски мировен протест за утре со почеток во 13 часот, во центарот на Скопје.

Движењето со протестот изразува поддршка за почитување на основното човеково право за самоидентификација.

Истовремено мирни протести е предвидено да се одржат и во Франкфурт – Германија,Вашингтон – САД, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Окланд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка кои ќе бидат вклучени во живо со видеопренос во Скопје.