Жените од СДСМ на осмомартовски марш во Куманово

3 март, 2018 | 19:52 часот | 1.525 прикажувања |

Форумот на жени на СДСМ го организира традиционалниот Марш во чест на 8 март, утре, 4 март, во Куманово со почеток во 12 часот.

На маршот ќе се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Покрај претседателот на СДСМ, свои обраќања на Маршот ќе имаат и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и коррдинаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Почетокот на Маршот е пред затворениот базен во Куманово, преку Октомвриска улица се до Центарот на Куманово.

Маршот се организира веќе шест години по ред досега, годинава ќе биде под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!’