Милчин: Признавам дека веќе не верувам во Заев

3 март, 2018 | 17:36 часот | 2.185 прикажувања |

Режисерот и екс директор на ФООМ Владимир Милчин на неговиот Фејсбук профил напиша дека се излажал и дека веќе не верува во премиерот Зоран Заев.

„Признавам дека верував во Заев. Признавам дека се излажав. Признавам дека сакав да верувам дека Заев е во ред, а дека тие околу него не чинат. Признавам дека веќе не верувам во Заев“, напиша Владимир Милчин на неговиот Фејсбук профил.