Скандалот со Беќир Асани кој нападна полицајка за Ахмети бил изолиран инцидент

3 март, 2018 | 17:20 часот | 943 прикажувања |

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одби да го коментира нападот на негов функционер врз полициска службеничка.

По денешната средаб со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ахмети изјави дека со случајот треба да се занимаваат надлежните институции.

„Не разговаравме за изолирани ситуации, со тоа нека се занимаваат органите на правдата“, рече Ахмети за случајот во кој претседателот на општинската организација на ДУИ, Беќир Асани, нападна полициска службеничка бидејќи пајак му ја подигнал колата.