Падот на берзите ги олесни најбогатите за околу 130 милијарди долари

3 март, 2018 | 12:04 часот | 576 прикажувања |

Петстотините најбогати луѓе на светот од почетокот на оваа седмица загубија вкупно во 128 милијарди долари, поради падот на американските берзи, во петокот објави агенцијата Bloomberg врз основа на податоците од својата „листа на милијардери“, којашто ја обновува во реално време од почетокот на котираните пазарни активи.

Најголемиот колапс е забележан од американски милијардери кои загубиле вкупно 55 милијарди долари. Покрај нив, најбогатите Кинези имаат отпишано 14 милијарди долари.

Најголема сума пари оваа недела има загубено американскиот инвеститор Ворен Бафет. Шефот на „Berkshire Hathaway Inc.“ има 3,74 милијарди долари помалку, па неговото богатство сега изнесува 86,7 милијарди долари. Малку помалку од него загубил основачот на социјалната мрежа „Facebook“, Марк Цукерберг, кој од своја страна останал без 3,71 милијарди долари.

Загуби во последните неколку дена претрпеа и раководителите на компанијата мајка на „Google“ – „Alphabet Inc.“, Лари Пејџ и Сергеј Брин. Секој од нив сега има околу 3 милијарди помалку. Основачот на индустриската групација „Inditex“, Аманcио Ортега го намали своето богатство за 2,5 милијарди долари.