Лековити својства на цвеклото

3 март, 2018 | 11:51 часот | 808 прикажувања |

Цвеклото е богато со микроелементи како јод, бакар, селен и ванадиј, а од неопходните минерали содржи калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум и железо. Се користи за чистење на организмот од токсини и претставува најдобар природен лек во лекувањето на слабокрвност.

Освен тоа, цвеклото е богато и со бетанин и бетаин што е исклучително важно за крвните жили, за функцијата на црниот дроб и жолчката, за регулирање на крвниот притисок и за снижување на холестеролот дури до 40%.

Растителната боја антоцијан го сузбива растењето на туморните клетки, па е одлична заштита од рентгенското и радиоактивното зрачење и се користи како лек за лекување на последиците од тие зрачења.

Како да се консумира?

Иако може да се консумира варено, сепак најдобро е да се јаде свежо. Во текот на ладните денов, многумина го консумираат и закиселено, но најдобро е да се пие сок од цвекло, на кој, по желба, може да му додадете морков, јаболко, лимон.