Напиток за зајакнување на метаболизмот

3 март, 2018 | 11:47 часот | 602 прикажувања |

Напивката за детоксикација, која го зајакнува метаболизмот, помага при слабеењето и ви дава доволно енергија, може да се направи за неколку минути. Потребни ви се две поголеми јаболка, две стапчиња цимет и литар негазирана вода.

Јаболките се мијат и се сечат на тенки резенки. Ставете ги во тегла заедно со циметот, прелијте ги со вода и оставете ги во фрижидер преку ноќ.

Оваа напивка би требало да се испие во текот на еден ден, а потоа се додава литар вода. Постапката се повторува и следниот ден. Истите состојки можат да се користат три дена.