Јункер: ЕУ не врши притисок врз Македонија и Грција за името

3 март, 2018 | 11:38 часот | 1.166 прикажувања |

Престедателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името.

„Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме“, вели Јункер во интервјуто.

Тој не одговори на прашањето од новинарката за тоа дали е оправдано грчкото барање Македонија да го смени Уставот.

извор: Еуроњуз