Зголемени водостоите на реките

3 март, 2018 | 11:35 часот | 516 прикажувања |

Врнежите од дожд и затоплувањето на времето што е најавено за наредните денови ќе предизвика нагло топење на снежната покривка, што пак ќе доведе до покачувања на водостоите на реките и нивно можно излевање.

Водостоите на речиси сите реки во Македонија се над просекот за март, а нивното ниво е зголемено во однос на вчера, со исклучок на Брегалница на мерното место кај Берово каде водостојот е ист како и вчера.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) пониско ниво од просечното имаат Крва Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.