Симфониски концерт за деца посветен на екологијата

3 март, 2018 | 11:30 часот | 618 прикажувања |

– Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој аниматор ќе биде познатиот водител на емисии за деца Ивце Пивце.

На концертот, кој ќе го води диригентот  Фи Фи Ле, ќе бидат изведени композиции од Хајдн, Респиги, Вивалди, Штраус, Бетовен, Сметана…

Концертот е посветен на екологијата, чувањето на чистата природа, соживотот на растителниот и животинскиот свет. Раскажува приказна  за група ученици кои одат на екскурзија и за нивните перипетии кои ќе  им се случат по патот.