Вооружен напаѓач украл 1,3 милиони денари од банка во Гостивар

3 март, 2018 | 11:26 часот | 353 прикажувања |

Вооружен разбојник украл 1,3 милиони денари од банка во Гостивар.

Според информациите на МВР, вчера околу 12 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво во банка на улица Гоце Делчев во Гостивар.

„Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел околу 1.300.000 денари, по што со возило побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.