Полска може да бара воена отштета од Германија во висина од 850 милијарди евра

2 март, 2018 | 16:16 часот | 492 прикажувања |

Варшава има право да побара отштета од Германија која може да изнесува 850 милијарди долари за уништен имот и убиени за време на Втората светска војна, изјави денеска полски политичар задолжен за прашања за воена отштета.

Полската владејачка партија Право и правда го „оживеа“ прашањето за воена отштета во време кога израелски политичари ја обвинуваат таа држава дека се обидува да ја заташка улогата на Полјаците во германските воени злосторства против Евреи за време на војната.

Германски правни експерти изјавија лани дека Варшава нема право да бара воена отштета.

Полската Влада сепак, не испрати директно барање до Германија, но тоа прашње може да предизвика тензии меѓу двете влади, велат аналитичари.

Германија е најголем трговски партнер, а Полска најголем примател на средства од европски фондови.

„Зборуваме за многу големи, но оправдани износи за воени злосторства, за уништени градови, изгубен демографски потенцијал на нашата држава“, вели Аркадиуш Муларчик, претседател на парламентарен одбор за репарација.

Тој додаде дека воената отштета од Германија може да достигне 850 милијарди долари, но таа сума може да биде ревидирана откако ќе се направат нови проценки во оваа година. Муларчик додаде дека Полска никогаш не добила воена отштета од Германија.

Нацистите убија повеќе од 3,2 милиона Евреи кои живееја во Полска.