Пред доделувањето на „Оскарите“ се појави статуа од Вајнштајн

2 март, 2018 | 10:22 часот | 542 прикажувања |

Во пресрет на церемонијата за доделување на „Оскарите“, кои се закажани в недела, во Лос Анџелес се појави статуа од Харви Вајнштајн кого десетина жени го обвинија за сексуално малтретирање.

Уметник од Лос Анџелес, познат како Пластичен Исус, вчера ја отвори статуата со име „Кревет за кастинг“, која го претставува Вајнштајн во природна големина, облечен во бањарка, како седи на златен кревет и држи „Оскар“ во рацете.