Јавна дискусија за транспарентноста и работата на Владата

2 март, 2018 | 10:09 часот | 495 прикажувања |

Јавна дискусија за транспарентноста и работата на Владата ќе се одржи денеска во владиниот Медиа центар, точно напладне.

На дискусијата ќе се обрати министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, а целта е размена на идеи и мислења за актуелните политики и процеси поврзани со транспарентноста и работата на Владата.

Од Владата инфомираат дека дискусијата е од отворен тип, а на истата ѝ претходеле серија консултативни средби со различни граѓански организации.

„Од Вас очекуваме споделување на досегашни искуства и предизвици во вашата работа, како и конкретни решенија и предлог политики за подобрување и унапредување на работата на Владата во насока на агендата за транспарентност“, се вели во владиното соопштение до медиумите.