„Лесновските ѕвона“ во ДПМ во чест на поетот Чедо Јакимовски

2 март, 2018 | 8:40 часот | 776 прикажувања |

Чедо Јакимовски е роден во Кратово во 1940 година. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Членуваше во ДПМ од 1966-та, а почина во 1993 година.

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе ја организира манифестацијата „Лесновските ѕвона“ – портрет на поетот Чедо Јакимовски, со што ќе одбележи 25 години од неговата смрт.

„Чедо Јакимовски е поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја во современата македонска поезија.“ соопшти ДПМ.

За творештвото на Јакимовски ќе зборува писателот Христо Петрески, стихови ќе чита актерот Страшко Милошевски, а ќе учествува и музичкиот состав „Кратовски тамбураши“ со изведба на староградски песни.