Мицкоски: Македонија е најкорумпираната земја во Европа, владата нема концепт за справување со корупцијата

2 март, 2018 | 8:32 часот | 504 прикажувања |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  во емисијата „Само Вистина“ истакна дека владата нема никаков концепт за справување со корупцијата, а Македонија е најкорумпирана држава во Европа.

Тој го коментираше извештајот за перцепција на корупција на „Транспаренси“ на кој Македонија бележи катастрофален пад од 17 места односно од 90 на 107 место.

Мицкоски вели дека Македонија е најкорумпирана земја во Европа според индексот за корупција кој го објави Транспаренси.

„Македонија отиде надолу 17 места во извештајот и е најлоша во регионот. Во 2015-та година во истиот извештај, Македонија бележеше раст од 50 места и беше лидер во регионот во борба со корупција. Сега е лидер во спротивна смисла. Овој извештај е за период во кој технички министри во владата се од СДСМ. Заменици и министри. Инаку да не заборавиме дека последните седум месеци од календарската 2017 година е време каде СДСМ целосно ја менаџира Владата на Република Македонија. Така што ние треба да се фокусираме на иднината. Ако ние имаме ваква позија каде паѓаме 17 места на скалата Транспаренси Интернешнал, ако знаеме дека се случуваат коруптивни скандали на дневна основа, ако гледаме дека Владата не превзема ништо да ја превенира таа ситуација која во моментот се случува во државата. Тогаш ние навистина имаме проблем како општество, како граѓани. Јас не се чувствувам сигурен и безбеден. – истакна Мицковски