Ново рочиште за случајот на СЈО „Сопот“

2 март, 2018 | 8:15 часот | 557 прикажувања |

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Сопот“ на кое исказ треба да дадат пет полициски службени лица.

Случајот „Сопот“ е од 2013 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа откако теренско возило на НАТО нагазил на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.

Во овој случај беа осудени 10 лица за тероризам.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатата година во јули предметот го предаде на СЈО, откако во јавноста излегоа телефонски разговори на функционери поврзани со овој случај.