На 4 март во Скопје ќе се одржи мирен марш за одбрана на името

1 март, 2018 | 21:55 часот | 1.584 прикажувања |

На плоштадот „Македонија“ во Скопје на 4 март ќе се одржи мирен марш за одбрана на името.

Предвидено е да се чита прогласот на 200-те македонски интелектуалци за прекин на преговорите за името, а ќе има и музичка програма со познати македонски музички ѕвезди.

Собирот од страна на организаторите е најавен како натпартиски, а покрај во македонскиот главен град истовремено ќе се протестира уште во 14 светски метрополи. Ќе има и директно вклучување од сите локации низ светот на кои ќе протестираат Македонците.

За сите кои ќе сакаат да бидат дел од собирот ќе биде организиран бесплатен автобуски превоз на ниво на Македонија. Превозот е спонзориран од страна на македонските иселеници од Австралија и Северна Америка.