Мицкоски во „Само вистина“: Можно е да ни се придружи и Љубчо Георгиевски

1 март, 2018 | 19:25 часот | 2.252 прикажувања |

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостува во емисијата „Само вистина“. Во одговор на прашање од водителката на емисијата, тој не ја исклучува можноста кон партијата да се придружи и основачот и прв претседател Љубчо Георгиевски.

„Со господинот Љубчо Георгиевски последно сме се виделе и слушнале пред Нова година. Во периодот кој следува планирам да остварам телефонски разговор и лична средба, да ја продолжиме нашата комуникација во иднина и зошто да не доколку заеднички констатираме дека имаме заеднички програмски цели, заедничка крајна проектирана цел, да ни се придружи во оваа битка“, рече Мицкоски.