17-годишник среде бел ден избоден со нож кај Рекорд

1 март, 2018 | 15:06 часот | 1.049 прикажувања |

З.Т. роден 2001 година денес околу 12:40 часот бил избоден со нож на автобуската постојка Рекорд, информираат од МВР.

Момчето било нападнато од две лица и прободено со остар предмет во пределот на стомакот.

Со возило на Итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски.

Се работи на расчистување на случајот.