СДСМ: Ги враќаме парите кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ трошеше расипнички

1 март, 2018 | 11:41 часот | 1.040 прикажувања |

За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните, велат од СДСМ.

„Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, се решава долгогодишниот проблем со стечајните работици, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, зголемена е поддршката за претпријатијата, а непродуктивните трошоци се драстично намалени.

Потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту еден денар на граѓаните за промоција и маркетинг.

Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а неодамна, меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен“ се наведува во соопштението од СДСМ.