ВМРО-ДПМНЕ: За 9 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните 1,4 милијарди евра

1 март, 2018 | 11:39 часот | 528 прикажувања |

СДСМ неконтролирано и расипнички се однесува со парите на граѓаните во Република Македонија. Сведоци сме на секојдневно осиромашување, економијата тоне, а трошоците за живот растат. Оваа Влада на СДСМ во деветмесечното владеење граѓаните ги чинеше 1,4 милијарди евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики прстот го вперува кон политичките неистомисленици прогласувајќи ги за терористи. Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со досега невидени обвиненија за тероризам. Притворените во врска со настаните од 27 април не се терористи. Тоа се луѓе кои не се плашеа гласно да говорат против штетните политики на СДСМ и Зоран Заев“, велат од партијата.

Секое продолжување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на притворот од страна на Судот е порака до сите неистомисленици и до сите оние кои размислуваат различно од СДСМ.