Штипски манијак се соблекувал пред 17-годишно девојче

1 март, 2018 | 11:37 часот | 519 прикажувања |

Пред станбена зграда во близина на крстосницата „Дујле“ вчера попладнето маж во непосредна близина, на само неколку метри растојание, пред 17-годишно девојче се соблекувал гол и ги покажувал своите гениталии. Девојчето потресено од настанот избегало, по што случајот вчера во 15:50 часот е пријавен во полициската станица во Штип.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека работат на расчистување и на овој настан, а информиран е и јавен обвинител од Штип, пренесува МИА.

Во текот на денот полицијата ќе излезе со повеќе детали и за овој случај. Панајотова апелира граѓаните доколку забележат вакви лица веднаш да пријавуваат во полиција која веднаш ќе интервенира бидејќи, како што вели таа, сите населби се покриени со полициски службеници.

Во текот на февруари регистрирани се два вакви случаи во Штип при што фатени се двајца манијаци. Во првиот случај, маж се соблекувал гол на улицата спроти штипскиот Интернат, а вториот случај е од пред два дена кога 36-годишен манијак се соблекувал гол и ги покажувал своите гениталии на четири средношколки. Бесрамниот чин го правел на улица спроти едно од штипските средни училишта. Овие две лица заработија кривична пријава за извршено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друго лице“ кое според Кривичниот законик се казнува со парична казна или со казна затвор.

извор: МИА