Речиси 50 жртви на студот во Европа

1 март, 2018 | 8:26 часот | 608 прикажувања |

Студениот бран во Европа предизвика смрт на најмалку 47 лица, пренесе Франс прес. Меѓу жртвите има многу бездомници.

Според пописот на агенцијата, студениот бран убил 18 лица во Полска, шестмина во Чешка, петмина во Литванија, по четворица во Франција и Словачка, по двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и по еден во Холандија и Шпанија. Во Естонија, студот доведе до смрт на вкупно седум луѓе.

Минусни температури биле забележани во Швајцарија, – 36 степени целзиусови беа измерени во Глаталп, ненаселено место на надморска височина од 1.850 метри.
Температурите на многу места биле помеѓу -10 и -20 степени.

Студениот бран е нарекуван „Ѕверот од Истокот“ од британските медиуми, „сибирска мечка“ во Холандија, „Москва-Париз“ во Франција итн.