Во Кривичниот повторно рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“

1 март, 2018 | 8:03 часот | 575 прикажувања |

Денеска во кривичниот суд е закажано рочиште за случајот „Траекторија“ во кој обвинети се: поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Во „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.