Во Софија состанок со лидерите на Западен Балкан и ЕУ

1 март, 2018 | 7:52 часот | 568 прикажувања |

Денес во Софија, премиерот Заев ќе учевствува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е претседавач со Европската унија.

На состанокот ќе учествуваат и премиерите на Албанија Еди Рама, Црна Гора Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Косово Хашим Тачи, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

На состанокот ќе стане збор за европската перспектива на Западен Балкан по објавувањето на стратегијата за проширување на Европската унија.