Почина светски познатиот баритон Дмитри Хворостовски

22 ноември, 2017 | 11:20 часот | 352 прикажувања |

По двегодишна битка со канцер на мозокот, познатиот руски баритон, Дмитри Хворостовски почина утрово (22 ноември) опкружен со своето семејство, во неговиот дом во близина на Лондон. Веста за смртта семејството ја пренесува на фејсбук каде што пишува – нека топлината и силата на неговиот глас останат засекогаш со нас.

Рускиот баритон со светска слава Дмитри Хворостовски почина на 55 годишна возраст од тумор на мозокот. Хворостовски ја започнува својата брилијантна меѓународна кариера по освојувањето на престижната награда BBC Cardiff Singer на Светскиот натпревар, демонстрирајќи ги исклучителните уметнички квалитети. Оттогаш редовните ангажмани на Хворостовски се одвиваат во водечките светски оперски куќи – Royal Opera House, Covent Garden, New York’s Metropolitan Opera, Paris Opera, Bayerische Staatsoper Munich, Salzburg Festival, La Scala Milan, Vienna State Opera и Chicago Lyric Opera – како и на реномираните фестивали.

Дмитриј Хворостовки е прв оперски пејач кој одржал солистички концерт со оркестар и хор на Црвениот Плоштад во Москва емитуван во повеќе од 25 земји. Контактите со Русија продолжуваат со бројни престижни концерти во Москва како дел од специјалните серии „Дмитриј Хворостовски и пријатели“ со прочуените светски уметници. Хворостовски оствари историска турнеја во руските градови по поканата на Претседателот Путин, настапувајќи пред огромен аудиториум од стотини илјади луѓе во сеќавање на војниците на Втората Светска војна.

Хворостовски настапи на отворањето на Охридско лето во 2013 година.