ФОТО: Се отстранува скулптурата на Александар Македонски од скопскиот аеродром

28 февруари, 2018 | 23:04 часот | 793 прикажувања |

Фотографија на која се гледаат работници од фирмата ДУО Транспорт како го отстрануваат споменикот на Александар Македонски вечерва е објавена на социјалните мрежи.

Одлуката за преименување на аеродромот беше донесена на 6 февруари, по средбата на премиерот Заев со неговиот грчки колега Ципрас.

Пред четири дена беше отстранет и натписот „Александар Велики“ од скопскиот аеродром, кој официјално е преименуван во Меѓународен аеродром Скопје.