Цуцуловски: Може ли некој да каже што иредентистичко има во името Република Македонија?

28 февруари, 2018 | 14:57 часот | 4.156 прикажувања |

Може ли некој да каже што иредентистичко има во името Република Македонија, бидејќи со него сѐ започна? Тогаш (1992 г.) немаше никаква антиквизација, никакви споменици, никакви аеродроми или автопати, чии постоење би можеле некого да иритираат. Тогаш имаше само држава, чие име беше Република Македонија. Сепак, и тоа некому му сметаше за да се стигне дури до таму некому (како внатре, така и надвор) да му смета Уставот на Република Македонија и, во исто време, да определува на кој начин меѓусебно ќе општиме/ословуваме.

Затоа, со преименувањата на одредени објекти, со промената на Уставот, со употребата на новото име erga omnes… нема ништо да се постигне, бидејќи сѐ започна (повторувам уште еднаш) со името Република Македонија. Во тоа е, имено, суштината на проблемот. Затоа и сметам дека секое менување на името, како и било која отстапка нема да доведат до ништо, бидејќи некому му смета постоењето (токму така, п о с т о е њ е т о!) на Република Македонија, сеедно под кое име постоела и какви отстапки направила. Сѐ друго е само пуста надеж, несфатлива глупост и невидена подлост, која треба да нѐ увери во спротивното. Затоа, Република Македонија нека остане тоа што е – Република Македонија.

(фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски)