Укината е забраната за движење на камиони преку Пресека

28 февруари, 2018 | 11:56 часот | 554 прикажувања |

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планински премин Пресека е укината во 11:15 часот, информира АМСМ. Исто така укината е и забраната на патниот правец Струга-ГП Ќафасан се укинува во 10:30 часот.

Од АМСМ информираат дека од 10:10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп кај мотел Дреново поради случена сообраќајна незгода сообраќајот се одвива по една коловозна лента со неизменично пропуштање.