Бошњаковски: Отповиканите конзули беа исклучително неактивни

28 февруари, 2018 | 11:32 часот | 1.151 прикажувања |

Почесните конзули на Македонија кои владата ги отповика на својата 56-та седница биле исклучително неактивни. Ова е причината за нивно отповикување која ја наведе владиниот портпарол Миле Бошњаковски, како одговор на новинарско прашање.

Бошњаковски посочи дека за нивната работа тие досега не примале плата, со оглед на нивната почесна функција.

Владата синоќа на својата 56-та седница, отповика повеќе конзули: Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.