24-годишен скопјанец задржан во полициска станица поради вчерашниот протест

28 февруари, 2018 | 11:26 часот | 8.112 прикажувања |

За време на вчерашниот протест кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„При преземање мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија“, се додава во соопштението на МВР.