Владата отповика повеќе конзули, меѓу нив и Џејсон Мико

28 февруари, 2018 | 10:09 часот | 547 прикажувања |

Владата синоќа на својата 56. седница, отповика повеќе конзули, и тоа Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.

Од Владата не соопштија детали зошто се отповикани конзулите, а повеќе информации се очекуваат на денешната прес-конференција на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.