Почна првото рочиште за предметот „Тортура“

28 февруари, 2018 | 9:37 часот | 488 прикажувања |

Во кривичниот суд почна првото рочиште за предметот „Тортура“ кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски. Предметот ќе го суди судијката Александра Ристеска.

Во „Тортура” обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, да им се суди само на шестмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелациониот суд, кој треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.