Нашинците во Лондон на 4 март ќе протестираат: „Ние сме Македонија“

27 февруари, 2018 | 22:13 часот | 1.126 прикажувања |

Глобалната иницијатива „Ние сме Македонија“ (We Are Macedonia) го најавува следниот протест во одбрана на името Македонија за 4 март, во Лондон.

Протестот ќе биде дел од повеќето протести закажани во 14 светски метрополи.

„Македонија е нашето име. Македонски е нашиот идентитет и јазик. 137 држави не признаа, зошто треба да преговараме и да го продаваме нашето име?“, се посочува во повикот до македонските иселеници на американскиот континент, а организаторите ги повикуваат сите нашинци да донесат знамиња, слогани, како и нивните деца и семејства да присуствуваат на протестот.

„Доста беше. Ќе испратиме јасна порака до американската администрација и Конгресот, до македонскиот претседател, Владата, Собранието и опозицијата во Македонија. Нема да толерираме да се преговара за нашето постоење. Нема да толерираме редефинирање на Македонија и македонската национална држава“, велат организаторите на настанот.