Се урна авион на американската воена морнарица

22 ноември, 2017 | 10:44 часот | 265 прикажувања |

Авион на американската воена морнарица, со 11 патници и членови на екипажот се урна во Јапонско Море, југоисточно од Окинава, соопшти командата на Седмата американска флота, стационирана во Јапонија.

Авионот летал кон носачот на авиони „Роналд Реган“.

Јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера изјави дека се урна транспортен авион Ц-2. Осум лица се спасени, а по другите се уште се трага. Тој додаде дека според американската армија најверојатна причина за несреќата е проблеми со моторите на авионот.

За време на несреќата носачот на авиони „Роналд Реган“ учествувал во заедничка воена вежба со јапонските Морски сили за самоодбрана во близина на архипелагот Окинотори.