Нивото на Дојранско е трипати поголемо од просекот во ноември

22 ноември, 2017 | 10:34 часот | 267 прикажувања |

Денешните хидролошки мерења на УХРМ покажуваат дека нивото на Дојранското Езеро е зголемено повеќе од тројно. Имено, нивото на езерото е 184 сантиметри, далеку над ноемврискиот просек од -81 сантиметар.

 

По неколку сантиметри од ноемврискиот просек отстапуваат и Преспанското и Охридското езеро.

Кај реките, малку над ноемврискиот просек е водостојот на Вардар кај Јегуновце, додека на сите останати реки нивото е под просекот на ноември.